Средба Пендаровски – Ламорџезе: Благодарност до Италија за поддршката на евроинтеграцијата на земјава и за донацијата на 256.000 Фајзер вакцини

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими италијанската министерка за внатрешни Лучана Ламорџезе, која престојува во посета на емјава по повод учеството на 22. состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа.

На средбата Пендаровски – Ламорџезе беше изразено задоволство од традиционално добрите и пријателски билатерални односи, со активен политички дијалог на високо и на највисоко ниво.

Претседателот Пендаровски ја поздрави одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи и изрази очекување за нејзино натамошно интензивирање преку заеднички обуки, курсеви и размена на искуства, особено во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата на високо ниво, како и борбата против нелегалната миграција.

Во контекст на аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски се заблагодари за силната, гласна и постојана поддршка од Италија за евроинтегративниот процес и изрази надеж дека напорите на Република Северна Македонија ќе бидат соодветно препознаени со отворање на пристапните преговори за членство.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за најавената донација од Италија на 256.000 дози од вакцината Фајзер/БиоНТек преку механизмот КОВАКС во текот на декември.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски