Средба Пендаровски – Гутереш: Деблокадата на евроинтеграциите од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што беа разменети мислења за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на ОН, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните прашања.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, во тој контекст, генералниот секретар Гутереш оддаде признание за покажаната солидарност од страна на Република Северна Македонија со вклучувањето во глобалната хуманитарна акција за привремено прифаќање на граѓани од Авганистан.

На средбата, се посочува, беше истакната важноста на Преспанскиот договор, склучен под покровителство на Обединетите нации, како пример дека и најкомлексните отворени прашања може да се разрешат доколку за тоа постои политичка волја и силно лидерство.

-Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелната состојба во однос на европската перспектива на државата, вклучувајќи го отвореното прашање со Република Бугарија. Двајцата соговорници констатираа дека деблокадата на евроинтегративниот процес е од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Пендаровски: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество

Горан Наумовски

Пендаровски: Потребна е конструктивност во односите со Бугарија, постоењето македонско малцинство е факт

Горан Наумовски