Средба Османи-Дончев: Ќе се користат бугарските искуства за ЕУ фондовите

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во рамки на посетата на Бугарија оствари средба попладневно со вицепремиерот за ЕУ фондови и економска политика Томислав Дончев.

Како што јави известувалот на МИА, на средбата, како што изјави Османи, се разменети искуства за привлекување на средствата од ЕУ фондовите и договорено е веднаш да се направи агенда за заедничко разменување на искусвата.

Бугарија, како што истакна Османи, е една од земјите со највисока стапка на апсорпционен капацитет на тие фондови, а за нас, посочи, е многу важно да се задржат средстата што ги имаме и оние кои се програмирани.

Ја оцени посетата како корисна и додаде оти дава позитивни сигнали на патот на ЕУ интеграциите.

– Денешната посета дава позитивни сигнали и Владата се нафати да работи на две траектории. Првата е итни реформски приориети кои ги договаравме на седница на Влада и очекуваме на еврокомесарот Јоханс Хан да му ги презентираме. И втората е елиминирање на политичките пречки што ги имаме на патот кон ЕУ. Една од тие е односите со соседите, односно отворените прашања со Република Бугарија, изјави Османи.

Тоа што денеска го добивме како сигнал, како што рече, дава надеж дека ние едно по едно ги надминуваме пречките што ги имаме на патот.

– А паралелно со агресивното адресирање, како што велиме на реформски приоритети добиваме нов прозорец на можноста и нов политички контекст со кој ќе имаме нов прилив на пари и се надеваме дека ќе бидеме способни да ги користиме, а тоа е целта на овие посети и на оваа размена на искуства за да може да го забрзаме патотот на ЕУ интеграциите, изјави по средбата Османи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Златна треска во Бугарија: исчезна сеф со милиони и злато – приморски град под полициска опсада

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Бугарите ќе играат финале на светско првенство

А1он

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски