Средба на Жерновски со Форумот за демократска Македонија во Њујорк

Од:

Членови на Форумот за демократска Македонија (ФДМ) од Њујорк синоќа оствариле средба со заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој е дел од македонската делегација на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што информираат од ФДМ, Жерновски ја поздравил работата на Форумот и ја истакнл позитивната улога што неговите членови ја имаат во проектирањето на позитивна слика за дијаспората од Македонија.- Тој ги поттикнал членовите и понатаму да делуваат натпартиски и да продолжат со конструктивните критики кон власта во Македонија, се наведува во соопштението објавено на фб страницата на ФДМ.

Членовите на ФДМ, пак, го запознале заменик министерот со тековните конзуларни и административни проблеми со кои се соочуваат македонските државјани што живеат надвор од Република Македонија, како архаичниот и долготраен процес на издавање македонски пасоши во дипломатско-конзуларните претставништва.

Во пресрет на гласањето за референдумот во сабота на 29 септември, членовите на ФДМ побарале да се обезбедат услови за непречено и слободно гласање и почитување на тајноста на гласот. Побарале и промена на регулативата, која налага задолжително пријавување на дијаспората пред секое гласање, како и да се отстранат недоследностите во Избирачкиот список.

Од ФДМ наведуваат и дека повеќекратните обиди да остварат средба и со претседателот на државата Ѓорѓи Иванов, останале без одговор од неговиот Кабинет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Драма во Њујорк: Се урна зграда, има тешко повредени

И се слоши и почина пред крај на маратонот во Њу Јорк – трчаше во чест на нејзиниот починат дедо

А1он

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Апсења во Њујорк: Нова закана за Нетанјаху?

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

А1он