Средба на Заев со швајцарската амбасадорка и претставници на НДИ: Постои видлив прогрес во демократските процеси

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со Сибил Сутер Тејада, амбасадорка на Швајцарија во Република Македонија, како и со претставници на НДИ, Скот Хабли, директор за програми за управување, Роберт Скот заменик резидентен директор на НДИ за Македонија и Крис Хеншоу, резидентен сениор директор на НДИ во Македонија.

Постои видлив прогрес во справувањето со предизвиците по промените во Македонија, сега е момент да се зајакнат и капацитетите на Парламентот, што ќе придонесе кон развојот на започнатите демократски процеси во Македонија, констатираа претставниците на НДИ и швајцарската амбасадорка Тејада на средбата со премиерот Заев.

На средбата се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата за вклучување на граѓанскиот сектор како партнер во креирањето на одлуките од директно значење за граѓаните. Сепак законите и нивните измени се носат во Парламентот и за тоа е потребна поддршка од целото општество во изградбата на фукнционални парламентарни механизми.

-Ние сме отворена Влада, којашто работи инклузивно со граѓанскиот сектор, со можности за вклучување и на опозицијата, како и на сите поединци или групи експерти, коишто можат да придонесат кон изградбата на здраво демократско општество, што е од бенефит и за квалитетот на живот на граѓаните и за стратешките евро-интеграциски цели на Република Македонија. Во таа насока насочени сме кон почитување и зајакнување на Парламентот, институција која за жал беше деградирана години наназад. За тоа сме подготвени да работиме со НДИ и со сите што можат да помогнат во овој важен дел од демократскиот развој на Република Македонија, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев додаде дека зајакнувањето на Парламентот и носењето на квалитетна легислатива, ќе ги постави институциите на своето место во општеството, а тоа е од интерес и на граѓаните и на државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот