Средба на Заев со Хојт Ји

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со Хојт Брајан Ји, заменик помошникот на државниот секретар на американскиот Стејт Департмент задолжен за Европа и Евроазија. Како што информира СДСМ, на средбата се зборувало за актуелната политичка состојба, за имплементацијата на договорот од Пржино и обезбедувањето услови за слободни, фер и демократски избори.

Заев ги пренел очекувањата дека Државната изборна комисија ќе ги зголеми напорите за навремено и квалитетно прочистување на Избирачкиот список, согласно законските рокови, за да се обезбеди кредибилен список. Истакнал дека реформите во медиумите се еден од клучните услови, директно поврзан со предизборниот и изборниот процес, за граѓаните слободно да ја изразат својата волја.Zaev_Ji 2

– Заменик помошникот на државниот секретар, Хојт Брајан Ји, рече дека времето е кратко и дека е потребно брзо решение за реформи на медиумите. Како што посочи Ји, за САД е клучно во Македонија да се завршат процесите за зајакнување на демократија и да се спроведат слободни, фер и демократски избори, наведува СДСМ во соопштението за средбата.

Ји истакнал дека САД, како и меѓународната заедница, одблиску ќе ги следат прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите, и целокупната атмосфера, за да се осигураат услови за слободно изјаснување на граѓаните на фер избори.

– Заменик помошникот државен секретар, Брајан Ји, рече дека е многу важно да се поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство и владеењето на правото. Претседателот Заев рече дека СДСМ не ја коментира работата на Специјалното јавно обвинителство но ја поддржува, посочува СДСМ додавајќи дека очекуваат од сите политички чинители во општеството, особено партиите потписнички на Договорот од Пржино, да ја поддржат работата на оваа независна институција.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија