Заев: Доколку утре не се договори организација на влада, СДСМ ќе пристапи кон алтернативни методи за таа цел

Од:

Шансите за решавање на политичката криза со помош на меѓународните претставници, актуелните политички предизвици на Македонија, економските проблеми, закочените евро-атлатски процеси, беа темите на коишто разговараа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од меѓународниот секретар Јован Деспотовски и пратеникот во Парламентот на Р.Франција, Филип Диран, придружуван од амбадорката на Р.Франција во Р.Македонија, Лоренс Оер.

Zaev Diran1

– Неопходни се споделени гаранции за имплементација на препораките од Извештајот на Прибе, бидејки посочените критични области се кочничар за демократско функционирање на институциите на системот, коишто се комплетно партизирани, како и за организирање слободни избори, рече претседателот Заев.

Констатирано е дека процесот Вистината за Македонија откри бројни злоупотреби во највисоките врвови на власта, злоупотреби на релација извршна – правосудна власт, контрола на власта врз медиумите.

Zaev Diran3

На средбата е изразена посебна загриженост за проблематичниот Изборачки список, како и за недозволивото функционирање на републичкиот јавниот обвинител, на обвинителот за организиран криминал, на судството, по директиви на актуелната власт.

– Доколку утре со помош на пријателите од Европската Унија и САД не бидат договорени организацијата на влада и механизмите што треба да обезбедат демократски институции и избори, СДСМ ќе пристапи кон алтернативните начини за остварување на овие цели, најави претседателот Заев.

Францускиот пратеник Диран ги поздрави храброста и одлучноста на претседателот на СДСМ, Заев, СДСМ и опозицијата, во битката за промените коишто се потребни, како на граѓаните на Македонија така и за иднината на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните