Средба на Заев со амбасадорот Багиров: Поддршка од Азербејџан за промените и интерес за економска соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Азербејџан за Македонија, Фаик Багиров.

Амбасадорот Багиров, од име на премиерот на Азербејџан, донесе писмо со честитки до премиерот Заев, за неговото назначување за претседател на Владата на Република Македонија.
“Се восхитувам на промените што се случуваат во Република Македонија, се забележува развој на Македонија“, рече амбасадорот Багиров.

Тој пренесе интерес за соработка со Република Македонија, посебно на економски план, соопштувајки дека има повеќе азербејџански бизнисмени кои гледаат потенцијал за инвестирање во Македонија.
Премиерот Заев се заблагодари за добрата соработка помеѓу Македонија и Азербејџан и најави нејзино натамошно развивање во областа на трговијата, економијата, енергетиката, туризмот.

„Новата Влада на Македонија е посветена на демократскиот развој на Македонија кон ЕУ и НАТО, како и на обезбедување квалитетен живот за граѓаните на Македонија. За таа цел определени сме кон градење мостови на соработка што отвораат перспективи за луѓето и за земјата“, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше и за начините за интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска