Средба на Спасовски со директорот на Генералната полиција на Турција, Алтинок

Од:

Министерот за внатрешни работи г.Оливер Спасовски денес (23.08) во МВР се сретна со директорот на Генералната полиција на Република Турција г.Селами Алтинок, кој со делегација од турската полиција е во официјална посета на македонското МВР. Министерот Спасовски истакна дека оваа средба е особено значајна за интензивирање на заедничките активности во насока на надминување на безбедносните предизвици со кои се соочуваат, како и во спроведување на реформите кои се во тек, во двете земји.

Исто така, министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка што Република Турција конкретно ја демонстрираше кон нашата земја од осамостојувањето до денес, со посебен акцент во делот на унапредување на безбедноста и надградба на капацитетите на МВР. „Само со заеднички напори можеме да се справиме со сите глобални безбедносни закани, почнувајќи од илегалната миграција, борбата против трговија со луѓе, дрога и оружје, потоа превенцијата од радикалниот и насилен екстремизам, како и справувањето со тероризмот и терористичките групи кои за жал стануваат реалност и на нашите простори“, истакна Спасовски.

По средбата со министерот Спасовски, г. Алтинок се сретна и со неговиот домаќин, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, г.Лазо Велковски. На состанокот на делегациите на полициите на двете земји, предводени од двајцата директори, г.Велковски и г.Алтинок, се разговараше и беа договорени низа конкретни активности особено во делот на меѓусебни обуки во Центарот за обука во Идризово и при Полициската Академија во Анкара, пред се обуки за обезбедување на ВИП личности, потоа активности за размена на искуства поврзани со спроведување на финансиски истраги, перењето пари и други приноси од криминални дејствија, како и за воспоставување непосредна комуникација со највисоките претставници на турската служба за борба против дрога и недозволената трговија со оружје.

Директорот на турската полиција, г.Алтинок упати официјална покана за возвратна посета на Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, г. Велковски, која би требало да се реализира до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Шумски пожари во Турција: 3.500 лица, 23 авиони помагаат во гаснењето

(ВИДЕО) Огромен пожар избувна во Турција: Болница и десетици домови се евакуирани

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

(ВИДЕО) Се преврте автобус во Турција – повредени се 40 патници

А1он

(ВИДЕО) Турција: Се урна училишен хеликоптер, едно лице загина