Средба на Шекеринска со Александар Митрески

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска се сретна со Александар Митрески, ко-основач и заменик претседател на Обединета Македонска Дијаспора.

Тема на разговорите беше актуелната ситуација во Македонија и начинот на којшто македонската дијаспора може да ги помогне реформите неопходни за враќање на демократијата и економски раст.

-Македонија има огромен човечки капитал надвор од своите граници. Ни треба подобра и почеста комуникација што ќе овозможи да го искористиме знаењето, искуството и контактите на нашите граѓани кои живеат надвор од татковината. Ова се моменти кога сите сме и потребни на Македонија, рече заменик претседателката Шекеринска.

На средбата се разговараше и за прашањето околу гласањето на дијаспората. Заменик претседателката Шекеринска соопшти дека на оваа тема сеуште не е отворена суштинска дебата во работната група формирана согласно Договорот од 2 јуни/15 јули.

-Ставот на СДСМ е да се задржи гласањето на дијаспората, но да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР според кои секој глас мора подеднакво да вреди, без разлика дали е даден во или надвор од Р.Македонија, рече заменик претседателката Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он