Средба на Шахпаска со претставници од МАНУ и „Прајсвотерхаус Куперс”: Научно потврдените сознанија се од исклучително значење

Од:

Mинистерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници од МАНУ и „Прајсвотерхаус Куперс” предводена од академик Таки Фити, на која се разговараше за можностите за соработка во областа на научно-истражувачката дејност и размена на искуства во делот на надлежностите на Министерството за труд и социјална политика, со акцент на предизвиците и влијанието на пандемијата од КОВИД 19 врз економијата и секторите коишто се најпогодени.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Шахпаска ја искажа нејзината заложба за спроведување издржани, ефикасни и ефективни мерки во справувањето со пандемијата од коронавирусот, врз стопанството, работниците и најранливите категории граѓани и ја нагласи важноста од спроведување практики базирани на докази.

– Во областа на трудот и социјалната заштита, како Министерство е многу значајно да дејствуваме одговорно и со цели кои ќе се базираат на научно потврдени сознанија, бидејќи мерките коишто треба да се преземат ќе имаат директно влијание врз граѓаните на нашата држава, рече Шахпаска.

Соговорниците на средбата изразија подготвеност за понатамошна соработка, од која ќе произлезат решенија и ќе се испорачаат резултати кои се во интерес на граѓаните во земјава.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска