Средба на Заев со Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, денеска се сретна со Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

На средбата се разговараше за актуелната политика ситуација и за можните излезни решенија за длабоката политичка криза преку фер и регуларни избори.

– Клучно е исполнувањето на условите за фер избори, преку прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите како минимални критериуми. Во рамки на договорените принципи во Пржино за владеење на правото и влада за организација на фер избори потребна е Влада, дефинирана во Договорот, којашто ќе може да обезбеди фер, кредибилни и регуларни избори. Со политичка волја ова е практично и брзо изводливо, со што изборите би можеледа се одржат наесен. На граѓаните им е потребна стабилна и кредибилна Влада со полн легитимитет. Влада избрана на веродостојни избори каде што секој граѓанин слободно ќе ја изрази својата волја, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше и за потребата од целосна независност на институциите во функција на интересите на граѓаните. Борат против корупцијата и криминалот мора да биде обезбедена и сите граѓани да бидат еднакви пред законите. Во таа насока особено е значајна поддршката од сите политички партии на институцијата  СЈО.

– СДСМ и граѓаните на Македонија бараат Уставниот суд час поскоро да се произнесе за уставноста на Законот за СЈО, со што ќе се овоможи оваа институција ефикасно да ја заврши својата работа. Само на тој начин повторно може да се воспостави владеење на правото и враќање на правниот поредок во Македонија, додаде Заев.

Претседателот Заев и Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Суомалаинен, заеднички констатираа дека мора да се обезбедат фер, кредибилни и регуларни избори каде што волјата на граѓанинот ќе биде испочитувана во целост.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски