Средба на претседателот Пендаровски со сенаторите Џин Шахин и Петер Велч

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими сенаторката Џин Шахин и сенаторот Петер Велч.

Изразувајќи задоволство од посетата на нашата земја, претседателот Пендаровски ја истакна досегашната соработка со САД потврдена со Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008-та година, како и сојузништвото на двете земји во рамки на НАТО.

На средбата се разговараше за поддршката која што САД ѝ ја даваат на Северна Македонија при спроведувањето на активностите кои се насочени кон зголемување на стабилноста и зајакнување на демократските практики. Истовремено, на средбата беше потврдена и успешната соработка и партнерство во доменот на одбраната, особено меѓу АРМ и Националната Гарда на Вермонт, земјата која сенаторот Велч ја претставува во Сенатот.

Соговорниците разменија и мислења за безбедносните предизвици во регионот, но и пошироко во Европа и во светот во контекст на неодамнешните немири на северот на Косово, руската агресија во Украина, како и војната во Израел и во појасот Газа.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за долгорочната поддршка од Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси нагласувајќи дека земјата посветено ќе продолжи да работи на спроведувањето на сите неопходни реформи со крајна цел, влез на Северна Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on