Средба на претседателот Пендаровски со романскиот претседател Клаус Јоханис

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

„На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Романија, што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит.

Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија.

Двајцата претседатели разговараа и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Пендаровски: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество

Горан Наумовски

Пендаровски: Потребна е конструктивност во односите со Бугарија, постоењето македонско малцинство е факт

Горан Наумовски