Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари трилатерална средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.
Како што информираат од кабинетот на Претседателот, на средбата било разговарано за текот на европските интеграции на Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, како и за енергетската криза со чии предизвици се соочува Европа.
Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија очекува поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза и ја истакна важноста од меѓусебна поддршка за јакнење на регионалната енергетска безбедност, се додава во соопштението.