(ВИДЕО) Пендаровски – Моравјецки: Полска е важен партнер на С. Македонија во НАТО алијансата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Полска, денеска во Варшава оствари средба со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека постои солидна основа за натамошен развој и унапредување на досегашната економска соработка, известуваат од кабинетот на Претседателот.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Полска е важен партнер на Република Северна Македонија во НАТО алијансата и еден од најгласните поддржувачи на аспирациите за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за досегашната поддршка и изрази очекување таа да продолжи, додавајќи дека полските искуства ќе ни бидат од голема корист за пристапниот процес кон ЕУ.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина, енергетските и економските предизвици во Европа и за механизмите за нивно надминување, се додава во соопштението од претседателскиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски