Средба на претседателот Пендаровски со генерал-полковник, Сенад Машовиќ

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го прими генерал – полковник Сенад Машовиќ, началник на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

На средбата беа разменети мислења и информации за севкупната армиска и одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, и заедничкото учество на двете армии во странски мировни мисии.

Претседателот Пендаровски и генерал – полковник Машовиќ на средбата разговараа и за можностите за зајакнување на меѓусебната соработка во функција на поголем придонес на билатерален и на мултилатерален план. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија и како 30-та членка на НАТО ќе продолжи со добрата армиска соработка со Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски додаде дека е одлична можноста припадници на нашата Армија да се дообучуваат во центрите за обука на Босна и Херцеговина, а на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје да се образуваат питомци од Босна и Херцеговина, со што воената обука и образование ќе придонесуваат во развојот на армиската соработка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски