Средба на претседателот Пендаровски со естонскиот претседател Алар Карис

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис.

Како што известуваат од кабинетот на Претседателот, на средбата биле потврдени пријателството и соработката помеѓу Северна Македонија и Естонија и било нагласено дека постои добро ниво на политички дијалог меѓу двете држави. Претседателот Пендаровски, посочувајќи дека Естонија е наш долгогодишен партнер во ОН, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, истакна дека Северна Македонија високо ја цени естонската силна и гласна поддршка за македонската европска интеграција, како и соработката на меѓународните форуми.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашната соработка во областа на дигитализацијата и го изрази нашиот интерес да го имплементираме естонското искуство во оваа област.

На средбата се разговараше и за геополитичката ситуација, во контекст на војната во Украина, со осврт на состојбите и безбедносните импликации врз балтичките и балканските држави, при што двајцата претседатели ја поздравија одличната соработка во рамки на НАТО.

Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум, се додава во соопштението од кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Пендаровски: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество

Горан Наумовски

Пендаровски: Потребна е конструктивност во односите со Бугарија, постоењето македонско малцинство е факт

Горан Наумовски