Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Како што инфоримраат од претседателскиот кабинет, на средбата била изразена подготвеност за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, нагласувајќи ги потенцијалните можности за јакнење на економската соработка.

Двајцата соговорници разменија мислење за актуелните политички случувања во двете земји, во Европа и во регионот на Западен Балкан, реафирмирајќи ги заложбите за регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку доследно јакнење на демократските процеси и засилено меѓународно партнерство.

Соговорниците се согласија дека тесната соработка во рамки на НАТО сојузништвото, ќе продолжи и во процесот на интеграција во Европската Унија, како заедничка стратешка цел на двете земји.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Абазовиќ за назначувањето на новата функција, посакувајќи му успешен мандат при справувањето како со внатрешните, така и со надворешно-политичките предизвици и цели.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски