Средба на претседателот Иванов со Тони Блер

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со поранешниот премиер на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тони Блер.

На средбата, претседателот Иванов изразил задоволство од посетата на Блер, истакнувајќи го значањето што Република Македонија во континуитет го придава на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство.

Двајцата соговорници изразиле задоволство од нивото на билатералните односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

На средбата станало збор за европските и евроатланските перспективи на земјите од регионот и во тој контекст претседателот Иванов ги потврдил заложбите на Република Македонија и посветеноста на реформските процеси, со цел исполнување на стратешките приоритети – членство во Европската унија и НАТО.

Заемен заклучок на средбата, велат од Кабинетот на претседателот Иванов, е дека европската идеја и интегративниот процес се незаменлив механизам за реформските процеси и достигнување на европските вредности и критериуми кај земјите аспиранти, но истовремено и механизам за надминување на билатералните разлики. Од тој аспект, поранешниот премиер Блер истакнал дека за време на својот мандат, но и сега, силно ги поддржувал интегративните процеси на земјите од Западен Балкан во ЕУ и во НАТО и смета дека ЕУ нема да биде комплетен проект без интеграцијата на западниот Балкан во неа.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on