Средба на Пендаровски со македонските друштва во Малме

Од:

Претседателот Пендаровски, вчера во Малме, ја посети Македонската православна црква „Свети Наум Охридски“, се сретна со македонскиот православен свештеник Блажо Кожарски и со претставници на македонски друштва од Малме информираат од Кабинетот на Претседателот.

Во разговор со свештеникот Кожарски, претседателот Пендаровски беше информиран за начинот на организирање и функционирање на црковната општина, којашто е прва во Европа, формирана во 1973 година, како и за тековните активности и соработката со шведските институции во насока на афирмирање на Македонската Православна Црква.

Претставниците на македонските друштва од Малме ги споделија со претседателот Пендаровски актуелните иницијативи за унапредување на дејноста на македонската заедница, како и за промовирање на нашата култура и традиција во Шведска. Во тој контекст беше нагласена важноста од континуирано негување на врските со нивната матична држава.

Изразувајќи задоволство од долгогодишното успешно дејствување на нашата заедница во Шведска, претседателот Пендаровски истакна дека се повеќе се вреднува нејзината улога како активен чинител во севкупните општествено-политички и економски процеси во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Повикот на ВМРО-ДПМНЕ за наводно национално единство е уште еден показател за слабост во таа партија

Пендаровски: Апелирам до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се крева реториката на меѓунационална основа

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

Орце Костов