Средба на Никола Димитров со Матиjс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во холандското МНР

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, во работна средба го прими Матиjс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во МНР на Кралството Холандија.

Димитров ја презентираше реформската агенда на Владата на Република Македонија, насочена кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на земјата и нејзините граѓани. Во таа смисла, искажа благодарност за особено значајната холандска помош во спроведувањето на реформски процеси, неопходни за интегрирањето во ЕУ и НАТО.

Димитров изрази и задоволство од континуираниот и конструктивен политички дијалог меѓу двете министерства за надворешни работи, со очекување дека ваквиот тренд ќе продолжи, паралелно со дополнително збогатување на соработката во останатите области од заемен интерес.

Високиот холандски гостин ги поздрави досегашните реформски активности на Владата на Република Македонија, оценувајќи ги како силно охрабрувачки и потврдувајќи дека холандската поддршка на тој план ќе продолжи засилено да се манифестира во иднина. “Холандија беше и ќе биде голем пријател на Македонија“, истакна генералниот директор ван дер Плас.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот