Средба на Никола Димитров со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во Брисел оствари работна средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

На средбата министерот Димитров информираше за досегашното спроведување на реформите согласно Акцискиот план на Владата – Планот 3-6-9 и ја реафирмираше заложбата на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори. Во таа насока, беа адресирани досегашните и претстојните поважни активности од европската агенда.

Министерот Димитров изрази убедување дека напредокот на земјата ќе овозможи отворање на дискусија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во Европската Унија.

Еврокомесарот Хан ја повтори посветеноста на Европската Комисија за натамошна соработка со Владата на Република Македонија во функција на успешна реализација на итните реформски приоритети и забрзување на евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Беше искажана заедничка подготвеност за продолжување на конструктивната и динамична соработка во насока на остварување на овие цели.

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска