Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби вели дека граѓаните немаат никаква основа за загриженост во однос на преговорите што со Бугарија ги води министерот за надворешни работи Бујар Османи. Секој договор што евентуално би бил постигнат, нагласува, треба да биде претставен и прифатен од граѓаните. Ние, додава, се солидаризираме со нашите сограѓани Македонци и апсолутно се постројуваме со нив во одбрана и на идентитетот и на јазикот и на сите други чувствителни прашања.

-Жалам што колегата Димитров дознал дека не му верува на Османи на крајот на својот мандат. Можеби би било добро тоа да го кажеше на почетокот и да пристапиме кон градење на таа доверба меѓу Османи и Димитров. Но, јас сум убеден дека граѓаните немаат никаква основа да имаат недоверба, ниту во Османи, ниту во Владата затоа што се е транспарентно и било кој договор да биде постигнат ќе мора да биде претставен пред граѓаните и да биде прифатен од нив, рече Груби запрашан за коментар во врска со ставот на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров дека не верува во Османи бидејќи, според него, тој преговара со Бугарија по секоја цена.

Ние, рече Груби, застапуваме став дека се солидаризираме со нашите сограѓани Македонци и апсолутно се постројуваме со нив во одбрана и на идентитетот и на јазикот и на сите чувстителни прашања.

-Јас имам апсолутна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој најсовесно ја врши својата работа и најодговорно пристапува кон преговорите со Република Бугарија, рече Груби.

Тој е убеден дека двете земји ќе успеат да најдат решение во првите шест месеци од годинава.

-Во очекување сме на посетата на новиот бугарски премиер Кирил Петков, како и на одржување на заедничка владина седница со нашиот сосед во текот на овој месец, истакна Груби.

На истата тема медиумите коментар побараа и од министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Јас не би коментирала изјава на вицепремиер од нашата Влада. Сметам дека секој го кажува својот став и вие како медиуми го пренесувате на начин како што тоа е кажано, рече кусо Царовска.

Таа заедно со Груби и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, беа во посета на локацијата во населба Визбегово во општина Бутел, каде со средства на МОН започна изградбата на ново основно училиште.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница