Средба на Могерини со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (19 април 2018-та година) оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

На средбата се разговараше за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци.

Претседателот Мицкоски истакна дека Европската Унија и е потребна на Република Македонија како начин за подигнување на стандард на граѓаните, повисок квалитет на живеење и споделување на заедничките вредности. На тој план ВМРО-ДПМНЕ даде свој придонес давајќи суштински забелешки кои беа инкорпорирани во реформските закони кои беа донесени, со што партијата се водеше од државните интереси и интересите на граѓаните кои за ВМРО-ДПМНЕ се на прво место.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изрази загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвараат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки преставници на власта.

Политичкиот терор е широко застапен, и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокот на демократски амбиент е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да го продолжи патот кон Европската Унија, се до нејзино целосно интегрирање, а за тоа е клучна и поддршката од пријателите од Европската Унија кои мора одблиску да ги мониторираат процесите и волјата на владата да работи на надминување на нотираните забелешки во Извештајот на ЕК.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче