Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ

Од:

Во Министерството за внатрешни работи денеска министeрот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

Министерот Спасовски изрази благодарност за одличната соработка со Амбасадата на Црна Гора, како и со црногорското Министерство за внатрешни работи, потенцирајќи дека двете братски земји во периодот што следи, со здружени сили ќе чекорат на патот кон интеграција во ЕУ.

Амбасадорката Петровиќ, пренесувајќи поздрави од премиерот и од министерот за внатрешни работи на Црна Гора, соопштија од МВР, упатила честитки за добивањето на новиот мандат на министерот Спасовски и потенцирала дека успехот кој го постигна оваа Влада претставува мотивација за државата, која во регионален контекст е пример за другите балкански земји, да продолжи по веќе определената патека.

– Министерот за внатрешни работи посочи дека Република Северна Македонија останува цврсто на заложбите за продолжување на патот кон ЕУ, а Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со реформските процеси кои дадоа позитивни резултати во насока на подобрување на условите за работа и капацитетите на полицијата, па приоритетите на МВР во иднина ќе бидат насочени кон борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, корупцијата и сајбер криминалот, се наведува во соопштението од МВР.

Како што истакна Спасовски, земјава ќе продолжи да ги гради братските пријателски односи со Црна Гора, која со спроведените избори покажа дека поседува сериозен демократски капацитет.

Според амбасадорката Петровиќ, набрзо се очекува формирањето на новиот парламент и новата влада во Црна Гора. Петровиќ потенцира дека Црна Гора останува партнер на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ, изразувајќи надежи дека на крајот од овој мандат нашата земја веќе ќе биде рамноправна членка на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски