Средба на министерот Џафери со амбасадорката на Белгија, Ван Калстер

Од:

Унапредување на македонско-белгиската соработка во одбраната и безбедноста и учеството на  Македонија во борбената група на ЕУ во втората половина на годинава, беа тема на денешната средба на министерот за одбрана Талат Џафери со амбасадорката на Белгија во Скопје, Аник Ван Калстер.

– Со учеството во борбените групи на Европската Унија, Република Македонија и практично придонесува кон заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, а „де факто“ го поддржува и мирот и демократијата во Европа и пошироко, истакнал на средбата министерот Џафери.

Во контекст на унапредувањето на меѓусебната соработка,  како што соопшти Министерството за одбрана Џафери се осврнал и на регионалните капацитети кои се дел од МО и АРМ, како Регионалниот центар за односи со јавноста, кој е 26. Партнерски центар за образование и едукација на НАТО-алијансата,  армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука на пилоти.

Министерот информирал и дека  неделава во партнерскиот центар за односи со јавноста се одржува првиот НАТО сертифициран курс за медиа тренинг – основно ниво.

– Амбасадорката Ван Калстер се заблагодари за позитивниот одговор на понудата за да се биде дел од борбената група на ЕУ за втората половина на оваа година и посочи дека Кралството Белгија и во иднина ќе продолжи да ги поддржува напорите на Република Македонија за стекнување на полноправно членство во евроатлантските организации, НАТО и Европската Унија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он