Средба на министерката Дескоска со претставници на студентските и ученичките домови

Од:

Состојбите во студентските и ученичките домови, односно подобрување на исхраната и условите во студентските домовите, планот за намалување и санирање на долговите со кои се соочуваат и кои во овој момент изнесуваат околу пет милиони евра. Ова биле дел од темите за кои разговарале министерката за образование и наука Рената Дескоска со Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом „Скопје, како и со претставниците на студентските и ученичките домови во Македонија.

Фокусот, како што соопштија од МОН, бил ставен на финансирањето на студентските и ученичките домови и можните решенија за надминување на проблемите.

Министерката Дескоска ги задолжила присутните да изготват детална анализа со точно лоцирање на проблемите со кои се соочуваат студентските и ученичките домови, која ќе содржи и предлози за подобрување и подигнување на квалитетот на живот на студентите и на учениците.

На средбата министерката ги предочила претстојните измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и Законот за ученичкиот стандард, со кои се очекува да се подобри квалитетот на живот, а во кој е уредено сместувањето на студентите и учениците, исхраната, школарината и стипендиите, како и задоволување на работните, културните, информативните и спортско-рекреативните потреби на студентите и учениците.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски