Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова заедно со нејзиниот тим одржа работна средба со претседателот на Здружението за помош на заболени од хронична миелоична леукемија, Пепо Леви.
На средбата, соопшти ФЗОМ, се дискутираше за статусот на пациентите со хронична миелоична леукемија во Македонија, за можноста за нивно лекување како и за медикаментозната терапија која им е достапна.
Претседателот на Здружението ги потенцираше модалитетите во терапијата во европските земји и укажа на предизвиците со кои истите се соочуваат во Македонија, но и во соседните земји како на пример во Бугарија и Србија. Исто така, беа посочени новитетите во лекувањето на хронична миелоична леукемија.
Директната соработка на Фондот со здруженијата на граѓани придонесува да се стекне еден непосреден и реален увид во тоа како најпрагматично и најефикасно би можело да се унапреди квалитетот на здравствени услуги согласно модерните светски трендови во нашите здравствени установи, стои во соопштението од ФЗОМ.