Средба на директорот на ФЗОМ со консултант на УНФПА за репродуктивно здравје

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџева Змејкова денеска се сретна со Годфри Вокер, меѓународен консултант на УНФПА за репродуктивно здравје и со претставници на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.

Целта на средбата, соопшти ФЗОМ, беше да се утврдат можните рамки на соработка во врска со реализирање на активности од Акциониот план за намалување на матерналната, перинаталната и доенечката смртност за 2013-2014 година, кој беше усвоен на седница на Владата на 29 јуни.

На средбата се дискутираше за сегашната состојба во Република Македонија поврзана со активностите за репродуктивно здравје. Директорката Парнарџиева Змејкова го информираше Вокер и преставниците на Кнцеларијата на УНФПА за механизмите за начинот и методологијата за утврдување и донесување на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, како и за модерната контрацепција и примена на истата од страна на младата попуплација во Македонија.

Таа укажа на важноста од едукација за заштита на сексуалното здравје и ги информираше кои се превентивните мерки и активности за заштита сексуално преносливите инфекции кои ги презема ФЗОМ во рамки на своите надлежности, како на пример преку избор на матичен гинеколог и спроведување на целите кај матичните гинеколози како реализирање на ПАП тест, колпоскопија по индикација на позитивен ПАП тест како и микробиолошките тестирања, стои во соопштението од ФЗОМ.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов