Средба на Димитров со холандскиот колега Кундерс: Холандија ќе биде посебно посветен пријател на Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари работна средба со неговиот колега Берт Кундерс во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

Министерот Димитров, како што соопшти МНР, упатил благодарност за континуираната, принципиелна и исклучително важна поддршка што Кралството Холандија ја дава на Република Македонија во остварувањето на стратешките приоритети и укажал дека повеќегодишната политичка криза создала неопходност од суштинско зајакнување на институциите, владеењето на правото и реформа на правосудниот систем, како предуслов за просперитетот и стабилноста на земјата и нејзините граѓани.

– Иако Македонија отсекогаш и засекогаш е мојата татковина, Холандија има посебно место во моето срце. Денес имав исклучителна средба со министерот Кундерс, кој даде важна поддршка за патот на Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции – пат кој веќе долго го одиме. Нашиот пат можеби е премногу долг, но следува клучен период. Следува период во кој во Македонија мора да завладее правото. Во Македонија мора да се зајакнат институциите. Македонија мора да ги исполни овие предуслови за конечно да стекнеме полноправно членство во ЕУ и НАТО. Оваа нова Влада на Република Македонија е одлучна да ги спроведе неопходните реформи, изјавил Димитров, се наведува во соопштението на МНР.

На Македонија, истакна Димитров, ќе и бидат потребни европските пријатели.

– По денешната средба, знам дека Холандија ќе биде посебно посветен пријател на Македонија, спремна да помогне кога е најпотребно, изјави министерот Димитров.

Министерот Кундерс, се наведува во соопштението, му честиташе и му посака успех на министерот Димитров во извршувањето на новата функција и ја потврди силната поддршка на Холандија на нашите европски и евро-атлантски аспирации. Тој потенцирал дека Холандија ќе биде посебно активен и посветен пријател на Република Македонија.

Двајцата министри изразиле задоволство од развојот на врските на пријателство и соработка меѓу двете земји, со заедничка заложба за нивно засилено унапредување на сите полиња од заеднички интерес. Тие, се вели во сооптението на МНР, се договориле во текот на следниот месец разговорот да го продолжат за време на посетата на министерот Кундерс на Македонија.

Би можело да ве интересира

Холандија заплени 23 милиони електронски цигари и стотици илјади вајпови

А1он

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

Холандија има повеќе од 2.500 стогодишници, мнозинството се жени

А1он

MIVD: Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел