Средба на Богдановиќ со амбасадорката на Кина

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска оствари средба со амбасадорот на НР Кина, Н.Е. Јин Лиџијан.

Оваа година, Република Македонија и Народна Република Кина одбележуваат 25 јубилејни години од воспоставување на дипломатско-конзуларни односи меѓу двете држави.

Во јубилејната година, ќе се организираат низа манифестации кои ќе ја потврдат и продлабочат добрата соработка меѓу Македонија и Кина.

Општина Центар е збратимена со областа Шиченг од Пекинг. Областа Шиченг е администравен, културен и политички центар на Пекинг. Општината е седиште на Владата и на сите институции од областа на финансиите и економијата, културата, образованието, здравството, спортот и туризмот.

Соработката со областа Шиченг од Пекинг за општина Центар ќе биде од големо значење, бидејќи размената на искуства, знаења и примената на добри практики ќе придонесат за подобри и поквалитетни услуги за жителите на општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Стармер: Лондон цврсто го поддржува принципот „една Кина“

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Телеграф открива: Со години Кинезите ја прислушувале британската влада

Врховниот кинески генерал е уапсен под сомнение за оддавање тајни