Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, денес, среда, 6 јуни 2018, придружуван од заменик претседателот, Стефан Влахов Мицов и членот на Извршниот комитет Драган Угриновски, оствари средба со заменик амбасадорот и прв советник во Амбасадата на Република Франција, Станислас Мрозек.
На средбата по барање на француската амбасада се разговараше за актуелната политичка состојба, стратешките приоритети на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа и реформските процеси за државата.
Претседателот на Единствена Македонија, Бачев посочи дека опстанокот на Македонија и просперитетот на народот се обезбедува во сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија. Тој потенцираше дека во однос на интеграциските процеси, новата легална власт на Единствена Макеоднија ќе ја оствари јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија за сојуз со Русија и членство во ЕЕУ.
Бачев истакна дека е загрижувачки пеколниот план на англискиот амбасадор Чарлс Гарет за кантонизација на Македонија според мапата што амбасадорот Гарет му ја покажал на претседателот Иванов во претседателската резиденција во вилата на Водно.
Бачев на средбата истакна дека серизоен проблем претставуваат марионетските власти во Република Македонија кои 27 години се купени и контролирани од ист центар за рушење на Македонија и македонскиот народ.
На средбата беше изразена взаемна согласност дека Република Македонија има неотуѓиво и со ништо неограничено меѓународно правно – признато право на името – Република Македонија, идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ.