Средба на Ахмети со претставникот на Генералниот секретар на ОН за Балканот

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во седиштето на партијата во Тетово денеска се сретна со Питер Дју, претставникот на Генералниот Секретар на ОН за Балканот.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Дју разговарале за состојбите во регионот, политичката ситуација во земјата, интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

На средбата Ахмети се фокусирал на улогата на ОН и на посредникот Метју Нимиц за решавање на прашањето за името меѓу Македонија и Грција.

– Овој проблем го држи Скопје далеку од Брисел и ја гуши нашата Евроатлантска перспектива која поттикнува незадоволство и очај кај нашите граѓани, рекол Ахмети, соопшти ДУИ.

Тој ја истакнал потребата за поизразена и честа активност на ОН бидејќи, посочил, проблемот се решава со проактивен и интензивен пристап и затоа и го замолил Дју да му ги пренесе овие ставови и на Генералниот секретар на ОН.

Ахмети говорел и за потребата за зголемена подготвеност во Скопје и во Атина за дијалог што ќе овозможи членство на Македонија во НАТО, а потоа, процесот на интеграција во Европската Унија ќе продолжи според исполнувањето на критериумите.

Ахмети и Дју разговарале и за случајот „Монструм“, при што било повторено барањето за транспарентност и кредибилитет на процесот како и меѓународно следење на постапките и доказите.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански