Средба на Ахмети со Хауард Дин, член на Управниот одбор на НДИ

Од:

Во седиштето на Националниот демократски институт (НДИ) во Скопје, претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска оствари работна средба со Хауард Дин, поранешен претседател на Демократската партија на САД, гувернер и член на Управниот одбор на НДИ.

Ахмети и Дин разговараа за соработката на ДУИ со НДИ во изминатите 12 години, како и за потребата од нејзино продолжување.

Како што соопшти ДУИ, на средбата станало збор и за политичките случувања во земјата и регионот. Ахмети укажал на важноста од евро-атлантските интеграации и потребата од поголемо и директно ангажирање на меѓународната заедница во овој процес.

– Одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година каде се наведува дека Македонија ќе биде примена во НАТО само да се постигне компромис со јужниот сосед, се уште е во сила. За оваа причина, за членство во НАТО, на Македонија не и е потребно проширување на самитот, туку компромис со Грција за прашањето за името. Времето е сега и дека страните се многу блиску до компромис, но треба да седнат и да разговараат со меѓународно посредство, посочил лидерот на ДУИ.

Ахмети изразил задоволството од успешната соработка со Институот, нагласувајќи дека од сите политички партии во земјата, НДИ има најдолго партнерство со ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче