Средба Мицотакис-Заев следниот четврток во Солун на маргините на „Thessaloniki Summit 2019”

Од:

Премиерите на Грција и на Северна Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев, ќе имаат билатерална средба на маргините на „Thessaloniki Summit 2019”, што следниот четврток и петок на 14 и 15 ноември 2019 ќе се одржи во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, а освен со Заев, учеството на Самитот, Мицотакис ќе го искористи за средба и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен