Средба Мицкоски-Тимоние: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секој процес кој е во насока на јакнење на демократијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.

Мицкоски на средбата го информирал амбасадорот за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.

Мицкоски посочил дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за се полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Заради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и катастрофалната реализација на капитални инвестиции граѓаните живеат се полошо.

Двајцата соговорници се осврнаа и на реформските процеси важни за приклучување на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува секој процес, доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес за граѓаните.

На средбата беше истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Франција за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски