Средба Мицкоски- Фон дер Лаин: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин.

На средбата беше потенцирано пријателство помеѓу Германија и Република Македонија, како и стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ и државата за членство во ЕУ и НАТО.

На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Македонија и за престојниот референдум.

„Мицкоски потенцираше дека Договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен со начелата и принципите на партија, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмираше ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот. Соговорниците се согласија дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД