Средба Касами – Жбогар: Потребни се реформи во судството за земјата да се движи напред

Од:

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами во придружба на двајцата потпретседатели, Кастриот Реџепи и Фадил Зендели, се сретна со амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар.

– На состанокот разговараа за актуелната политичка ситуација во Македонија и придонесот на Движење Беса како опозициска партија во овие важни моменти за земјата, како што се промена на името и отворањето на патот кон ЕУ и НАТО. На состанокот, исто така, се разговараше за подршката од Движењето Беса за реформите во земјата, со посебен акцент на судските реформи за да земјата се движи напред со прогрес во сите област, соопштија од Беса.

Касами и Жбогар се согласија да ваквите средби продолжат и во иднина.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати