Средба Џафери-Хан: Приоритет на Собранието ќе биде донесувањето на пакетот закони кои произлегуваат од препораките на Прибе

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, кој е во дводневна посета на Република Македонија.

На почетокот на средбата, Џафери го информираше еврокомесарот за тековните и претстојните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со реформските процеси неопходни за добивање на позитивна препорака за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.

Од своја страна, еврокомесарот Хан подвлече дека од суштинско значење е донесувањето на закони неопходни за добивање на позитивна евалуација на почетокот на следната година и го поздрави односот на претседателот на Собранието кон парламентарната опозиција и позитивните промени во земјата во насока на изготвување на позитивен извештај за Република Македонија.

На крајот на средбата, Џафери изрази уверување дека како приоритет во работата на Собранието до крајот на годината е донесувањето на пакетот на реформски закони кои произлегуваат од препораките на Прибе.

Би можело да ве интересира

Попов: Мадинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година