Средба Џафери – Бушати: Успешен референдум за полноправно членство во НАТО

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го прими Дитмир Бушати, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Како што соопшти собраниското Одделение за односи со јавноста, Џафери истакнал дека ваквите средби на високо ниво се од особено значење за развојот на односите меѓу двете пријателски и соседни земји и оти Република Македонија високо ја цени поддршката што Република Албанија ја дава во насока на интегрирањето на нашата земја во евроатлантските структури.

– Секако, на овој план, двете земји треба заеднички да се поддржуваат и помагаат, ако се има предвид дека целта на целиот регион е да стане дел од големото европско семејство, стои во соопштението.

Џафери и Бушати заеднички констатирале дека двата Парламента треба да ја зајакнат соработката на ниво на групите за соработка, комисиите и собраниските служби. Посебен акцент бил ставен и на меѓувладината соработка.

Министерот Бушати изразил верба во успешна реализација на претстојниот референдум во Република Македонија со кој ќе се заокружи уште една фаза во надминување на последната пречка за полноправно членство во НАТО.

На средбата биле споменати многу области во кои двете соседни земји споделуваат заеднички интереси од големо значење, како што се проектите коишто се во завршна фаза, односно изградбата на патот Ќафасан – Елбасан, како дел од Коридорот 8, Автопатот Елбасан – Дебар и железничкото поврзување меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски