Средба Димитров – Палмер во Делфи

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на маргините од Економскиот форум во Делфи, Грција, имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер и американскиот амбасадор во Атина Џефри Пајат.

На средбата, како што објави Димитров на Твитер, се разговарало за регионални прашања и билатералната соработка.

Во Делфи Димитров треба да се сретне и со шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитров и Катругалос се дел од учесниците на форумот, а македонскиот министер вечер ќе има и свое обраќање.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори објави дека фокусот на средбата ќе биде ставен на имплементацијата на Договорот од Преспа, „како и на техничките и практичните проблеми кои секојдневно се појавуваат од спроведувањето“.

Димитров синоќа во Делфи имал средба и со поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

– Иднината на пријателството, тесната соработка и стратешкото партнерство во сите сектори е отклучена. Нашиот регион е горд на својата историја. Но, со Преспанскиот договор, сега можеме да се гордееме и со достигнувањата на нашето време, напиша Димитров на Твитер по средбата со Коѕијас.

Министерот Никола Димитров во рамите на форумот во Делфи ќе има и други билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците

Димитров: Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме

Горан Наумовски

Димитров: Голема лага е тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката

Си нашол бугарска верзија за да мафташ – Димитров му врати на Османи

Анита Петровска Рајковиќ

Димитров: Ѓаволот е во деталите, ЕУ не смее да го поддржи наративот на Путин што го користи Бугарија за да и овозможи кандидатура на Украина

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека ЕУ ја оправдува уцената на Бугарија, не сте внимателен

Ана Ололовска