Средба Димитров – Коѕијас

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Локацијата каде ќе се одржи средбата засега не е позната.

Како што соопштија од МНР, разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

Завчера, пак, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во Атина имаше средба со министерот за надворешни работи на земјата, Никос Коѕијас, како и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос.

Како што соопштија од Кабинетот на Османи, на средбите биле отворени темите за меѓусебната соработка, унапредување на комуникацијата, како и другите мерки за градење доверба меѓу двете земји.

„Имаме исклучителен напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества“, истакна Османи додавајќи дека само преку создавањето искрена атмосфера на доверба може да се надминат отворените прашања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски