Средба Богоев-Ромео: Италијанскиот јазик „влегува“ во училиштата во Карпош

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Скопје, Карло Ромео.

На средбата се разговараше за актуелни случувања во Општина Карпош и продлабочување на соработката меѓу локалната самоуправа и амбасадата на Италија.

Италијанскиот јазик, од оваа учебна година е воведен како втор странски јазик во основното образование во нашата држава и учениците веќе имаат можност да го изучуваат.

Градоначалникот Богоев и амбасадорот Ромео изразија подготвеност италијанскиот јазик од наредната учебна година целосно да се воведе во наставата во едно од основните училишта во Карпош, притоа да се запазат сите процедури и правила пропишани од Министерството за образование и наука. На овој начин, учениците од шесто одделение ќе имаат можност да се запознаат со особеностите на јазикот, но и со италијанската култура и традиција.

Исто така, Богоев се осврна и на другите сегменти за соработка со Амбасадата на Италија во Скопје.

Отворена е можноста за создавање на „италијански корнер“ во Карпош. Имајќи предвид дека Италија во многу наврати ја има покажано солидарноста кон Градот Скопје, но и кон Карпош, ние сме отворени да ја доближиме италијанската култура и традиција поблиску до граѓаните.

Улицата „Римска“ е симбол на солидарноста која Италија ја покажала кон Скопје и Карпош по катастрофалниот земјотрес во 1963. Сега имаме можност преку нови проекти и активности да ја развиваме соработката, рече Богоев.

Присутните разменија мислења и за зголемена соработка или збратимување на Општина Карпош со некоја од општините во Италија, која по своите особености и број на жители е слична со Карпош.

Амбасадата на Италија има поголем број на активности на полето на културата, а токму Неделата на италијанскиот филм се одржува во Кинотеката на Македонија, која територијално припаѓа на Карпош.
На средбата присуствуваа и проф. д – р Александра Саржоска, шеф на Катедрата на италијански јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Марко Пешетели, лектор и одговорно лице за делот култура при Амбасадата на Италија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски

Истрага за трагедијата во Карпош: Мајката и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна