Средба Арифи-Санино

Од:

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Теута  Арифи и генералниот директор на  Директоратот  за проширување на Европската Унија,  Стефано Санино на средбата синоќа во Скопје разговарале за  наредните предизвици на земјата во процесот на  европската  интеграција.

Притоа, како што се наведува во соопштението од СЕП, соговорниците се согласиле дека последните заклучоци на Советот на  министри на ЕУ се од суштинско значење за овој процес.

Вицепремиерот Арифи информирала и за тековните активности кои се преземаат од страна на Република Македонија во  однос на рамката на активности поставена од Советот на министри на ЕУ чие исполнување ќе придонесе за почеток  на преговорите за членство на земјата Унијата.

Генералниот директор на  Директоратот  за проширување на ЕУ, Санино денеска во Скопје се сретна со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски, со претседателот на ЗНМ Насер Селмани, а попладне во Тетово ќе разговара и со лидерите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“