Средба Ахмети-Сера, теми договорот од Преспа и уставните измени

Од:

Имплементацијата на договорот од Преспа и уставните измени, како и ситуацијата во регионот биле теми на денешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

– Ахмети ги истакна своите очекувања во врска со поддршката во Собранието за интегративниот процес на земјата да се зголеми уште повеќе до успешно завршување на процесот. ДУИ ќе го продолжи дијалогот со пратениците и парламентарните партии со цел зголемување на подршката следните месеци, се вели во соопштението од партијата.

Амбасадорот Сера, како што потенцираат оттаму, на средбата што се одржа во Тетово, акцентот ставил на шпанската подршка за интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија.

На средбата се дискутирало и за ситуацијата во регионот и актуелните геополитички и геостратешки околности.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата