Средба Ахмети-Ралф Брет

Од:

Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет денеска во партиското седиште на ДУИ во тетовска Мала Речица се сретнал со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти прес-службата на партијата.

Главни теми за разговор, како што стои во соопштението, биле евро-атлантските интеграции на Македонија, меѓуетничките односи, Охридскиот договор, изборите во Албанија и договорот помеѓу Косово и Србија.

Ахмети ја истакнал потребата за постигнување на компромис помеѓу Македонија и Грција за прашањето со името како предуслов за интеграција на земјата во НАТО и започнување на преговори за членство во Европската унија.

Лидерот на ДУИ ја посочил итната концентрација на сите напори од сите домашни и меѓународни фактори кон решавање на спорот и седнување на страните на маса за да разговараат околу последниот предлог на  Нимиц. – Унапредувањето на интегративниот процес на земјата влијае и врз меѓуетничките односи и Охридскиот договор како капитални достигнувања по 2001 година кој што очекуваат заокружување со зачленување на земјата во НАТО и ЕУ. Тоа е нашата волја затоа што тоа носи перспектива за земјата и регионот и овозможува економски развој, се вели во соопштението од ДУИ.

Ахмети нагласил и  дека договорот помеѓу помеѓу Приштина и Белград е значаен за целиот регион и ќе има влијание и во Македонија во однос на помирување на народите на 100-годишнината на Балканските војни. Соговорниците разговарале и околу парламентарните избори во Албанија.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата