Средба Ахмети – Раковец

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Тетово се сретна со амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец.

Словенечкиот амбасадор, информираат од Партијата, изрази интерес за политичките случувања во земјата, евро-атлантската интеграција, меѓуетничките односи, извештајот за напредокот, како и улогата на опозиција.

Тој посочи дека Словенија го поддржува процесот на интеграција на Македонија во НАТО и Европската унија.

Претседателот Ахмети истакна дека Словенија има важна улога во регионот и побара директна посветеност од страна на Словенечките власти за помош во интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателот Ахмети оцени дека успехот на овој процес ќе влијае во релаксација на меѓуетничките односи бидејќи очекувањата на граѓаните за евро-атлантските интеграции се големи и секое одлагање загрижува.

– Овој процес е многу важен за сите граѓани и поради ова опозицијата треба да придонесе во напредокот на процесите бидејќи сноси одговорност за заедничкото добро на сите граѓани. Затоа, местото на опозицијата е во Собранието каде што ќе понуди конструктивни одлуки за да ги унапреди процеси во земјата, рече Ахмети.

Во врска со Извештајот за напредокот, истакна дека проценките на ЕУ се праведни и сите заедно треба да се ангажираме за решавање на идентификуваните недостатоци.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата