Средба Ахмети – Липавски: Уставни измени како итна потреба

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска остварил средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липавски.

Ахмети му се заблагодарил на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

Како што соопштија од ДУИ, билатералните односи меѓу двете земји на средбата биле опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда.

На средбата Ахмети и Липавски разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата.

– Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Северна Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство, се наведува во соопштението од ДУИ.

Претседателот на ДУИ Ахмети нагласил дека овој процес треба да се изведе со помош на Брисел и Вашингтон, како што се спровеле и сите други прашања.

Ахмети потенцирал дека земјата од овој процес ќе излезе како победник, како што излезе победник, стои во соопштението, со членството во НАТО, без никакви лоши последици за државата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски