Средба Ахмети – Лалакос во седиштето на ДУИ

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово имаше средба со грчкиот амбасадор во Македонија Харис Лалакос.

– Амбасадорот Лалакос му честиташе на Ахмети за убедливата победа на изборите на 27 април и ја поздрави одлуката за да се фокусираат сите сили на оваа Влада кон интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ. Тој истакна дека во Грција има готовност да се интензивираат разговорите за постигнување компромис со Скопје во рамките на процесот кој се води во Обединетите нации, соопшти ДУИ.

Партијата наведува дека Ахмети нагласил дека ДУИ е поборник за мир, стабилност, сигурност, добри односи помеѓу заедниците, добрососедски односи и економски развој и дека сето тоа се постигнува само преку успешен интегративен процес на земјата во НАТО и ЕУ.

– Претседателот Ахмети ја подвлече готовноста на ДУИ за директен придонес кон постигнување компромисно решение со нашиот јужен сосед и нагласи дека меѓународното олеснување е неопходно и би го олеснило процесот на постигнување решение, стои во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори